Со пристапување на веб-страницата на www.rabota.mk, целосно ги прифаќате правилата и условите и се согласувате со нив за нивно користење.

Правилата и условите се наведени на веб-страницата и тие можат да подлежат на промени во кој било момент. Промените почнуваат да важат по нивното објавување.

Веб-страницата www.rabota.mk претставува алатка што го олеснува патот до вработувањето. Наменета е за лица што бараат работа, како и за оние што нудат.

Барателите на работа ќе можат да ги следат сите огласи од работодавците и да аплицираат за некои од понудените работни места.

На веб-страницата е дадена можност за внесување своја биографија, која ќе биде прикажана јавно, со цел работодавците да можат да ги разгледуваат објавените биографии и да стапат во контакт со оние кандидати за кои сметаат дека се соодветни за слободните работни позиции во нивната компанија. Исто така, постои и можност за аплицирање на кандидатите со својата внесена биографија, што значително го олеснува самиот процес на барање работа.

Податоците што сакаат да ги внесат кандидатите во своите биографии се опционални. Сите податоци за кои кандидатите сакаат да бидат јавно споделени, ги пополнуваат во својата биографија, која ќе биде објавена на нашата веб-страница.

Работодавците можат да објавуваат огласи за вработување и за брзо време да бидат контактирани од заинтересираните кандидати, кои со опцијата „Аплицирај” можат да аплицираат на огласот со својата биографија, како и да ги разгледуваат објавените биографии на кандидатите на веб-страницата на www.rabota.mk и да ги контактираат оние што сметаат дека се соодветни за нивниот оглас.

Сите информации околу огласот и компанијата за кои работодавците сакаат да бидат јавно споделени се опционални, и по пополнувањето на формата ќе бидат објавени на нашата веб-страница.

Барателите на работа одговараат за точноста на податоците внесени во биографиите, додека, пак, лицата што нудат работа одговараат за точноста на податоците внесени во огласите за работа. Податоците што ги доставуваат треба да бидат точни, вистинити и ненавредливи по ниедна основа според законите на РМ. Исто така, треба да се согласуваат за јавно прикажување на нивните објави.

Веб-страницата www.rabota.mk не презема никаква одговорност за податоците објавени од огласувачите на страницата.
Веб-страницата www.rabota.mk го задржува правото на бришење објави (биографиите или огласите за работа) доколку објавената содржина се смета за непримерна или спротивна на општите услови на користење на оваа веб-страница, без претходна најава за нивно бришење.

Веб-страницата www.rabota.mk ги задржува сите права на содржината објавена на самата веб-страница, освен ако не е поинаку назначено.

Веб-страницата www.rabota.mk се грижи за почитување на приватноста на корисниците и на посетителите. Податоците што се внесуваат при регистрацијата на оваа веб-страница, како и другите податоци, нема да бидат достапни на увид на трета страна, освен оние податоци за кои кандидатите и работодавците се согласни јавно да ги споделат, согласно со правилата и условите на користење на веб-страницата.