Веб-страницата на www.rabota.mk е сопственост и е управувана од Видекс ВБ ДООЕЛ.

Нашите корисници секогаш се на прво место, а тоа е една од причините заштитата и сигурноста на нивните податоци да е еден од приоритетите на www.rabota.mk. Главен акцент е ставен на заштитата на личните податоци, и поради тоа, транспарентно е наведено кои податоци се прибираат, како и целите на нивната обработка.

Оваа веб-страница прибира само информации за корисниците за кои тие доброволно, согласно со условите за користење, даваат согласност за нивно прибирање, користење и јавно објавување.

Ние работиме во согласност со Законот за заштита на лични податоци, другите законски норми, како и светските препораки за заштита на личните податоци.

Политиката на приватност се однесува на видовите податоци што ги собира и ги употребува www.rabota.mk. Оваа политика на приватност не се однесува на другите веб-страници на кои ќе имате пристап преку нашата веб-страница.

ПРИБИРАЊЕ НА ВИДОВИ ПОДАТОЦИ И ЦЕЛ НА НИВНА ОБРАБОТКА

Преку оваа веб-страница можеме да ги прибереме следниве видови податоци:
– Најразлични лични податоци: кога корисниците ќе ја посетат веб-страницата, ќе се регистрираат на неа, ќе постават оглас или лична биографија или при пристапот на други активности, сервиси и средства што се достапни на нашата веб-страница.
При регистрацијата, внесувањето огласи или биографии, ќе биде потребно корисниците да внесат податоци, како што се име, и-мејл адреса, линкови од профили на социјалните мрежи.

Корисниците исто така можат да ја посетуваат веб-страницата анонимно.
Личните податоци ќе бидат собрани од корисниците само ако тие доброволно споделат таква информација со нас.

Корисниците секогаш можат да одбијат доставување лични податоци, но во тој случај не можат да користат некои од услугите што ги нуди оваа веб-страница.

– Сервисни податоци: поради системска заштита, секогаш со посетата на нашата веб-страница, нашиот веб-сервер привремено го регистрира вашиот домен, IP адреса на работната страница, пребарувачот, како и неколку технички податоци што се во врска со посетата на веб-страниците.

– Колачиња (Cookies) Со пристапување на нашата страница можеме да ви испратиме до вашиот компјутер едно или повеќе колачиња, мали датотеки што се внесуваат во компјутерот на корисникот на веб-страницата, кои уникатно го идентификуваат вашиот интернет-пребарувач.

Колачињата можеме да ги користиме со цел олеснување на вашето најавување во системот, како и приспособување на веб-страницата врз основа на вашите преференции.
Секако, корисниците можат да го нагодат својот веб-пребарувач да не прифаќа колачиња, или да го извести кога тие ќе бидат испратени. Ако го направат тој избор, можеби некои делови од веб-страницата нема да функционираат соодветно.

– Линкови: Ние можеме да ви презентираме линкови во формат што ни овозможува да го следиме статусот на овие линкови, односно дали сте ги кликнале овие линкови, како и датумот и времето на кликањето. Овие податоци ги користиме за рекламни цели, како и за подобрување на нашите услуги.

Податоците што ќе бидат прибрани ќе бидат употребени за следниве цели:

– Во рамките на нашата маркетинг-мрежа една од целите за која се прибираат и се обработуваат вашите податоци е директниот маркетинг. Вашите лични податоци можат да бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша претходна изречена согласност и само во обем неопходен за секој поединечен случај.

– Подобрување на услугите што им ги нудиме на корисниците, на тој начин што податоците што ни ги обезбедуваат корисниците ни помагаат поефективно да одговориме на нивните барања и потреби.

КОРИСТЕЊЕ И ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Нашата веб-страница се грижи за вашите лични податоци. Само податоците за кои вие во целост се согласувате и потврдувате да бидат јавно споделени со нашите корисници, ќе бидат објавени на веб-страницата.

Податоците нема да им бидат пренесувани на државните органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени што ќе имаат пристап до податоците прибрани преку веб-страницата се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со податоците како со информации од доверлива природа.

Вашите лични податоци ќе бидат обработувани само за целите што се прибрани и во согласност со политиката на приватност на www.rabota.mk, како и согласно со условите на користење.

Ќе се врши постојана ревизија на нашата база на податоци за да се осигуриме дека само потребните податоци за директен маркетинг се прибираат, се складираат и се обработуваат, како и за подобрување на услугите што ги нудиме.
Споредни цели се:

– Ревизија, истражување и анализа на одржувањето, заштитување и подобрување на нашите услуги.

– Обезбедување техничко функционирање на нашата маркетинг-мрежа.

– Развој на нови услуги и подобрување на постојните.
Чувањето и обработката на вашите податоци е во нашите сервери, лоцирани во Р. Македонија.

ИНФОРМАЦИСКА БЕЗБЕДНОСТ

Нашата веб-страница применува разумни технички и организациски средства во согласност со Законот за лични податоци и препораките на Дирекцијата за заштита на личните податоци, со цел да се спречи неавторизиран пристап и примена, откривање или уништување на личните податоци.

Пристапот до Збирката со лични податоци е ограничен и е дозволен само за нашите вработени и агенти со кои е склучен договор. Овие лица се обврзани на доверливост.

Одговорноста на зачувување на приватноста на корисничкото име и лозинката е ваша и вие сте целосно одговорни за сите активности настанати со нивна употреба.

ЛИНКОВИ ОД ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ

Веб-страницата може да содржи линкови и до други веб-страници. Напоменуваме дека со пристапување на тие веб-страници се напушта нашата веб-страница, а со тоа и нашата политика на приватност и услови на користење. Ние немаме одговорност за заштита и приватност на податоците што вие ги обезбедувате кога ги посетувате некои од тие веб-страници.

СОГЛАСНОСТ ОД КОРИСНИЦИТЕ

Со користењето на нашата веб-страница вие во целост се согласувате со нашите услови за работа и политика на приватност.

Доколку не се согласувате со нив, ве молиме, не користите ја нашата веб-страница.
Привремено можат да настанат промени на политиката на приватност и тие почнуваат да важат по нивото објавување на веб-страницата.

Доколку промените на политиката на приватност ги намалуваат вашите права предвидени со оваа политика на приватност, ќе бидете известени по мејл.