elon-mask-ziveeme-vo-simulacija-tocka-2016-02

10 ЛЕКЦИИ ЗА УСПЕШНА КАРИЕРА ОД 80-ТИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Елон Маск е најпознатиот инженер на денешнината. Тој е одговорен за водење на пет светски успешни компании и тоа: Tesla, SpaceX, Solar City, The Boring Company и Neurolink и дефинитивно од него има што да се научи. Елон е познат по неговата футуристичка визија, работна етика и способност да креира тим кој може да постигне речиси сѐ.

Уште на 12 годишна возраст успеал да продаде видео игра, бил коосновач на Zip2 и PayPal, ги развил и продал за огромна сума пари, а потоа се родиле компаниите Tesla, SpaceX, Solar City.

Сите му велеле на Маск дека е луд и дека ќе ги изгуби сите пари и дека ниту едно од неговите вложувања нема да вроди со плод. Tesla имаше тежок почеток, SpaceX имаше три ракетни експлозии, а Solar City започна во време кога соларните панели не беа ниту одблиску кул како овие денешните. Сепак тој успеа и сега е прогласен за 80-тиот најбогат човек во светот.

Еве 10 лекции од Елон Маск како да напредувате во вашата кариера со секоја област, а особено ако сте инженер:

Никогаш не се откажувајте

За време на едно интервју Елон го запрашаа по третиот неуспех со SpaceX дали ќе се откаже.

„Никогаш“, одговори тој.

„Зошто не?“

„Никогаш не се откажувам. За да се откажам треба да бидам мртов или сосема неспособен.“

Работете напорно

„Кога брат ми и јас стартувавме со нашата прва компанија, наместо да земеме апартман, ние изнајмивме само мала канцеларија и спиевме на каучот. Бевме толку сиромашни и имавме само еден компјутер. Работевме седум дена во седмицата, цело време. Кога бев буден постојано работев, дури и девојката што ја имав тогаш спиеше на каучот.

Направете проста математика, ако некој работи 50 часа во седмицата, а вие 100, тогаш логички ќе сработите два пати повеќе во рок од една година.“

Имајте страст за работата

„Правете проекти што се инспиративни, што ги прават луѓето возбудени за иднината. Животот треба да биде повеќе од само решавање на проблеми. Треба да станете наутро и да си кажете – да, се радувам однапред на што тоа ќе го реализирам.“

Имајте самодоверба

„Навистина верувајте во тоа што го правите. Не слепо, туку размислете за тоа и кажете си во ред, ова е вистинското, убеден сум дека е вистина затоа што го разгледав секој можен агол.

Помислете што сѐ негативно би можело да се случи и ако и потоа верувате дека е вистинското, тогаш ќе успеете да ги убедите и другите.“

Преземајте ризици

„Сега е време да преземате ризици. Немате деца, немате толку одговорности. Како ќе стареете, вашите обврски ќе се зголемуваат и откако ќе основате семејство ќе ви биде многу потешко да се осмелите да ги направите работите што можеби нема да успеат. Ве охрабрувам да бидете смели и да ризикувате, нема да зажалите.“

Бидете инспирирани

„Мислам дека е важно да имате иднина која е инспиративна и блескава. Треба да има причина да станете наутро и да сакате да живеете.

Што е поентата на животот, што ве инспирира, што посакувате од иднината? Ако не го правите тоа никогаш нема да бидете таму горе меѓу ѕвездите, а тоа е депресивно.“

Додадете вредност

„Сметам дека ако некој прави нешто што е корисно за остатокот од општеството дека тоа е добра работа. Не мора да го менува светот, но ако правите нешто што има голема вредност за луѓето дури и тоа да е само некоја алатка за споделување на фотографии и со тоа им правите малку добро на голем број луѓе, тогаш сте на вистинскиот пат.“

Можете да научите сѐ

Во едно интервју го запрашаа Елон како станавте експерт за да бидете главен директор за технологија на компанија за дизајн, производство и лансирање на ракети и вселенски летала (SpaceX). На ова тој вели:

„Па имам некоја основа од физика, а потоа читав многу книги и зборував со многу паметни луѓе. Немам диплома од таа област, сам учев. Се разбира, имам и одличен тим.“

Бидете амбициозни и не грижете се за парите

„Кога ја стартував првата компанија Zip2 со брат ми и уште една личност, тоа навистина не беше со помислата да бидам богат. Немам ништо против богатството, но сакав само да заработувам доволно пари за живот и да го правам тоа што го сакам.“

Размислувајте големо и променете го светот

„Ако имате само една мисија тоа е супер инспиративно, но на тој начин нема фундаментално да го промените светот. Одењето со Apollo на месечината беше огромен чекор за целото човештво, но сигурно дека нема да се задоволиме само со неколку стапки од човек таму и поставено знаме, мора да се прави тоа одново и одново, така е за сѐ во животот. “